На поранешниот австриски канцелар Себастијан Курц и на двајца други обвинети во среда ќе им се суди за наводно давање лажно сведочење пред парламентарната комисија која истражува корупција.
Ова е прво судење на поранешен канцелар по повеќе од 30 години.
Некогаш „чудо од дете“ на европските конзервативци, Курц се повлече од функцијата канцелар во 2021 година по серијата обвинувања за поткуп, кои вклучуваат трошење јавни пари за фаворизирање во медиумското известување.
Курц ги негираше сите обвиненија и рече дека ќе ја докаже својата невиност на суд.
„Како и многу обвиненија, така и ова ќе испадне дека е лажно“, рече 37-годишниот Курц во изјава дадена за медиумите во август.
АФП контактирале со Курц и со неговиот адвокат, но тие одбиле да коментираат.