Само што започна грејната сезона, а во Скопје веќе не се дише. Загаденоста на воздухот ги надминува дозволените граници и алармира дека пред нас е долга зима во која повторно ќе се занимаваме со старите проблеми со загадувањето.
Имено и вчера вечер е забележано големо ниво на суспендирани ПМ 10 честички во воздухот, а на мерната станица 11 Октомври се измерени дури 188 микрограми.
Максимално дозволена концентрација на ПМ 10 во воздухот е 50 микрограми на метар кубен.
Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.