Лимонот е одличен сојузник кога женската убавина е во прашање.

Состојките од маската кои ќе ги прочитате во продолжение се одлична комбинација во борбата против ситните брчки и разните дамки на лицето.

Потребно е:

-лимонов сок

-две лажички сода бикарбона (содата е одлична за пилинг. Експертите советуваат дека содата е добра и за пилинг за рацете).

Подготовка:

Промешајте лажичка лимонов сок со две лажички сода бикарбона. Мешајте додека не добиете бледо жолта паста. Намачкајте го лицето и вратот. Нанесената маска држете ја 15 минути. Користете топла, влажна крпа и избршете ја маската од лицето.

Со студена вода, затворете ги порите и потхранете ја кожата со крема.

Доколку имате проблем со проширени пори во маската наместо сода ставете изматена белка од јајце. Ефектот ќе биде неверојатен.