Европската служба за опсервација на земјината топка, Коперникус, соопшти дека периодот помеѓу 2015 и 2021 години е најтоплиот период регистриран во историјата.
Според студиите на Коперникус овие седум години произвеле и рекордна концентрација на стакленички гасови.
Во 2021 година се бележи просечно затоплување од 1,1 до 1,2 целзиусови степени во споредба со прединдустрискиот период (1850-1900), референцата за мерење на глобалното затоплување на планетата.
Од овие рекордни седум години меѓу 2015 и 2021, 2016 била најтопла.
Во однос на стакленичките гасови и штетните емисии Коперникус соопшти дека во текот на 2021 се измерени рекордни концентрации што се производ на човечката активност. Главен штетен гас е ЦО2, но силен подем бележи и метанот. Метанот е помоќен од ЦО2 но побрзо исчезнува од атмосферата.
Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.