Шефот на одделот за мотоспорт на Порше, Томас Лоденбах, зборуваше за желбата на компанијата да стане снабдувач на мотори за Формула 1.
-Не е тајна дека навистина размислуваме за Формула 1. Не е тајна дека сме во контакт со ФИА и дека, да речеме, навистина сериозно размислуваме за таква можност, изјави Лоденбах за „Планет Ф1“.
Сепак, конечната одлука сè уште не е донесена.
Исто така, шефот на одделот за мотоспорт на Порше објасни дека компанијата сака да ги промени моторите на тркачките автомобили.
-Колку што знам, во однос на прашањето за Формула 1, многу работи навистина се движат во вистинската насока, особено, во однос на важноста на електрониката. Би сакале да видиме повеќе стандардни делови во дизајнот на моторот, а за електричниот дел, производителите имаат слобода да дизајнираат. И многу од споменатите работи навистина можат да се остварат, додаде Лоденбах.
Претходно во медиумите се појавија информации дека Порше ја разгледува можноста за соработка со Ред Бул или дури и создавање сопствен фабрички тим базиран на Заубер, кој делува во Ф1 под брендот Алфа Ромео. (МИА)