Португалскиот премиер Луис Монтенегро се сретна со кинескиот претседател Кси Џинпинг денеска во Пекинг, повикувајќи го да ги искористи блиските врски на неговата земја со Русија за да се заложи за „праведен и одржлив мир“ во Украина.
Средбата се случи само неколку дена по воената парада во кинескиот главен град каде што Кси, севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун и рускиот претседател Владимир Путин беа во центарот на вниманието, претставувајќи го она што шефицата за надворешна политика на ЕУ, Каја Калас, го нарече „автократски сојуз“.
Кинескиот претседател рече дека втората по големина економија во светот е подготвена да ги зајакне своите стратешки врски со Португалија.
фото: принтскрин
Текстот Португалскиот премиер ја повика Кина да ги искористи врските со Русија за мир во Украина е превземен од МАКФАКС.