Полската воена полиција денес објави дека во источниот регион на Лублин се пронајдени сомнителни фрагменти од ракета, за кои се верува дека биле употребени за соборување на беспилотно летало.
Ова откритие се случи повеќе од една недела откако Полска, со поддршка на авионите на НАТО, собори руски беспилотни летала во својот воздушен простор, објави ПАП.
Воената полиција објави дека денес ќе се изврши детално форензичко испитување на објектот, пренесува Танјуг.
Полска минатата недела објави дека нејзиниот воздушен простор бил нарушен за време на нападот на руски беспилотни летала во ноќта помеѓу вторникот и средата, додека Русија ги продолжи нападите врз Украина.
Руските власти ги негираа тврдењата дека беспилотните летала ја имале за цел Полска, нагласувајќи дека нападите не биле насочени кон таа земја.
Фото: принтскрин
Текстот Полската воена полиција пронајде делови од ракета во источниот дел од земјата е превземен од МАКФАКС.