Познатата мега ѕвезда Тајга (Tyga) доаѓа во Скопје.
Тој ќе настапи на овогодинешното издание на Fusion Festival, на Стадионот на АРМ.
По овој повод денеска се оддржа прес конференција на која беа изнесени сите детали околу фестивалот, со посебен акцент дека конечно во Македонија доаѓа актуелна супер ѕвезда од светски ранг и дека со тоа е остварена желбата на десетици илјади фанови од целиот Балкан и пошироко.
Од таму се посочува дека за потребите на фестивалот обезбедена е најдобрата аудио и видео опрема, поддржана со фантастични сценски ефекти.
Покрај главниот headliner TYGA, на фестивалот ќе настапат и најдобрите македонски претставници на Hip Hop и Trap музиката, Irie Scratch, Dj Shorty P и Young Dadi, а фестивалот ќе го затвори со свој dj set одличниот Ampov.
Фестивалот годинава се одржува во Скопје на 22.06.2022 во 20:00 часот.
Инаку, Tyga е познат по своите неверојатни настапи во живо кои се рамни на спектакл.
Картите за TYGA се достапни за купување во ЈУГОТОН и сите продажни места на продажната мрежа КУПИ КАРТИ ЗА СЕ, како и онлајн на www.kupikartizase.com