Рајан Филипе неодамна објави неколку фотографии на Инстаграм на кои се гледа како ужива на сонцето за време на невообичаено топол декемвриски ден.

50-годишниот актер, познат по улогата во „Сурови намери“, позираше без маица и мавташе со мускулите во зелени спортски панталони и долна облека на Келвин Клајн додека позираше на тремот со рацете на колковите.

Фотографиите собраа повеќе од 71.000 лајкови и бројни коментари.

„Старете како фино вино“, „Секогаш изгледате добро“, „Дали воопшто стареете?“, „Суровите намери сега ќе ги гледам по стоти пат“ и „Сакам да бидам бубамара во твојата рака “ се само дел од коментарите на фановите.

Да потсетиме, Рајан има ќерка Ава Филипе (24) и син Дикон Филипе (20) со поранешната сопруга Рис Витерспун и ќерка Каи (12) со поранешната Алексис Кнап.

Текстот Познатиот актер објави фотографии без кошула, обожавателките: Дали воопшто старееш? е превземен од МАКФАКС.