По завршувањето на собирот во Скопје, како и оној на Крит, познати се и имињата на шеснаесетте репрезентации кои ќе бидат дел од елитното младински Евробаскет во сезоната 2023/24. Место три, како што беше предвидено, две репрезентации од дивизијата Б, ќе влезат во А дивизијата во оваа младинска конкуренција (У20).
Тоа се финалиситте на шампионатотл во Скопје, репрезентациите на Чешка и Македонија. Најголемиот губитник е „бронзената“ Украина која иако третопласирана, според новата „проекција“ на ФИБА, догодина останува во Б сегментот. Основната причина е што репрезентацијата на Полска го освои претпоследното место на првенството од А дивизијата, одржано на Крит, а со оглед на тоа што ќе биде домаќин на наредниот шампионат, во 2024 година, остануваат „прволигаши“. Во понизок ранг се селат последнопласираната Естонија и Хрватска, која заврши на 14. позиција.
Наредниот шампионат во Полска, Македонија ќе игра во мошне силна конкуренција, заедно со репрезентациите на Франција, Израел, Грција, Белгија, Србија, Германија, Турција, Литванија, Италија, Шпанија, Словенија, Исланд, Црна Гора, Полска и Чешка./Gol.mk/
Foto: Gol.mk