Според лондонскиот Империјал колеџ, делта-плус сојот е далеку позаразен од својот претходник, но постои клучна разлика во симптомите кои ги предизвикува.
Според истражувањето, дури една третина од заразените со делта-плус, познат и како AY.4.2, развиле класични симптоми на ковид-19, додека оние со обичниот делта-сој ги имале стандардните симптоми.
Од оние кои биле заразени со делта-плус, две третини имале барем еден симптом на болеста. Сознанијата велат дека овој сој се пренесува полесно, но досега нема знаци дека предизвикува потешка клиничка слика. Во принцип, дури и вакцините се доволно ефикасни во спречување на симптоматски ковид-19 кај заразени со делта плус.
Секако, Империјал колеџ нагласува дека ова е парцијално истражување и наодите се добиени врз основа на податоците кои се засега достапни и истражувањата ќе продолжат, за да може да се види како навистина се развива делта-плус и што би било потребно за целосна превенција од тешка болест.
Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.