Вчера околу 16:00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на улицата „Хо Ши Мин“ настанал пожар во куќа во изградба, сопственост на 55-годишниот М.Ц. од Скопје.

Од пожарот била опожарена фасада од куќата, а екипа од Бригадата за противпожарна заштита Скопје го изгаснала пожарот.

Повредени лица нема. Бил извршен увид.

Текстот Пожар во куќа во изградба во Скопје: нема повредени е превземен од МАКФАКС.