Повеќе од 100 цивили се убиени во североисточниот регион Суми, тврди регионалниот гувернер Дмитро Живицки.
Според Живицки, многу тела биле откриени со врзани раце, а на некои биле видливи траги од мачење или прострелни рани во главата, пренесува Би-би-си.
Тој исто така рече дека руските војници „пукале во сите“, вклучувајќи ги и постарите и децата.
Тој додаде дека многу луѓе од градот исчезнале или се заробени.
Би-Би-Си наведува дека не била во можност самостојно да ги потврди овие тврдења./Makfax