Берзата во Москва денеска делумно се отвори, по првпат од 25 февруари – ден по почетокот на воената инвазија во Украина.

Advertisements

Тргувањето со обврзници и акции на финансиските пазари во Русија беше прекинато откако акциите паднаа за 33 отсто.

Берзата денеска повторно беше отворена во 13 часот по локално време (11 по средноевропско) само за некои обврзници издадени од руската влада.

Во претпазарното тргување, приносите на државните обврзници се зголемија за речиси 20 отсто – највисоко досега – пред потоа да забележат мал пад. Повисок принос значи дека владата ќе мора да плати повеќе за да позајми и покажува дека инвестицијата е поризична.

Руската рубља утрово беше проценета на 105 американски долари, што е пад на нејзината вредност за околу една четвртина од почетокот на инвазијата.

Света Рамачандран, инвестициски менаџер во „Гам инвестиции“, изјави за Би-би-си дека влијанието на продажбата на обврзници ќе го почувствуваат локалните Руси, по неколку недели поминати практично без инвестиции во странство.

Прикажи повеќе