Во првиот квартал од оваа година, според анализите на косовскиот институт ГАП, дури 28 отсто од косовските граѓани на возраст над 18 години, се очекува да се иселат поради укинувањето на визите. Секторите кои се очекува да бидат најмногу погодени од заминувањето на вработените се градежништвото, хотелиерството и угостителството. Потоа следуваат трговијата и производството. Во последните 10 години од Косово се иселиле над 300 илјади лица. Главни дестинации за миграција се Германија со 71 отсто, Швајцарија со 12 и Австрија со 5 проценти.
„28 проценти од граѓаните на Косово над 18 години планираат да емигрираат во првиот период од оваа година. Секторите кои се најмногу погодени од заминувањето на работници во овој период се градежниот сектор со 18,7%, хотелиерството и угостителството, исто така со 18,7%, трговијата со 18,1% и производството со 12,9%. Тоа се и секторите кои имаат најголем број работници во Косово и имаат најголема продуктивност, но чии плати се во рамките на просечната плата во Косово. Некои други важни сектори како што се образованието и здравството не се очекува да бидат засегнати во иста мера како градежниот, производствениот и угостителскиот сектор“, рече Аниса Зогај, Институт ГАП.