Џеј Зи и Бијонсе се појавија на премиерата на Mufasa: The Lion King само еден ден откако раперот беше обвинет за силување.
Тие прошетаа на црвениот тепих во Лос Анџелес, а Бијонсе постојано се смешкаше. Нивната ќерка Блу Ајви Картер го даде гласот на Киара, ќерката на Симба и Нала, во Муфаса. Гласот на Симба беше Доналд Гловер, а Нала Бијонсе.
Неочекуваното појавување на Џеј Зи на црвениот тепих доаѓа еден ден откако тој беше обвинет дека силувал 13-годишно девојче во 2000 година заедно со Шон Комбс, попознат како Диди, на афтер-забавата на MTV Video Music Awards.
Тужбата беше поднесена уште во октомври, но тогаш само Диди беше наведен како обвинет. Сега е именуван уште еден обвинет, а тоа е Џеј Зи. Во тужбата се споменува и присуство на трета, славна личност, која сè уште не е именувана.
Текстот По обвинувањата за силување, Џеј Зи со Бијонсе и ќерката позираа на премиера на филм е превземен од МАКФАКС.