Научниците го нарекуваат мутант и супергонореа!

Новата болест се заканува да се прошири во Европа и повторно е мутант, но овој пат нема никаква врска со најпознатиот вирус. Станува збор за полово пренослива болест која е поотпорна на лекови отколку „обична“, а научниците и го дале името „супер гонореја“. Според последните информации, во Велика Британија се потврдени уште два нови случаи на оваа модифицирана болест, а се работи за пар во работни дваесетти години. Досега на вкупно четири лица им е дијагностицирана супергонореа.

Гонорејата е сексуално пренослива инфекција предизвикана од бактеријата „neisseria gonorrhoeae“. Можноста за инфекција е подеднакво присутна кај двата пола, а најчесто се пренесува преку вагинален, орален и анален сексуален однос.

Оваа нова, супермутантна форма е отпорна на досега ефикасните лекови против сексуално преносливи болести, антибиотикот цефтриаксон и, како што предупредуваат експертите, се заканува да се прошири во Европа. Откако кон крајот на минатата година беше откриен првиот случај, британската агенција за здравствена безбедност потврди три нови случаи на „neisseria gonorrhoeae“, со што вкупниот број се искачи на четири.

Д-р Кејти Синка предупреди на опасноста од ширење на оваа полово пренослива болест, а експертите додаваат дека нејзината појава е предизвикана од пандемијата на коронавирус, поради која многу парови ја ставаат заштитата во втор план при сексуалниот однос.

По неколку години без ниту еден случај на оваа тешка форма на гонореја, сега видовме четири случаи во последните два месеци.Рано е да се каже дали ова ќе биде почеток на нова епидемија, но знаеме дека сексуално преносливите болести генерално се во пораст. Секој знае дека сексуално преносливите инфекции не се лекуваат толку лесно како другите – само земете ја таблетата и продолжете со животот. Доколку не се лекувате правилно, овој тип на болест може да има долгорочно влијание здравјето на вас и на вашиот партнер. A појавата на гонореја е отпорна на антибиотици, и ја прави целата ситуација уште покомплицирана, изјави д-р Кејти.

Специјалистот за сексуално преносливи болести ја повтори важноста од превенција и заштита од овие болести.

Постојат едноставни чекори што можете да ги преземете за да го намалите ризикот од гонореја и други сексуално преносливи болести. Користете кондоми редовно и со новите и со поновите партнери, редовно тестирајте се за сексуално преносливи болести. Немајте секс додека не се тестирате, истакна таа.

Симптоми на гонореја

Гонорејата често е асимптоматска, но тоа не значи дека заразеното лице не може да ја пренесе бактеријата на други. Иако знаците на инфекција може да се манифестираат речиси насекаде во телото, во повеќето случаи симптомите стануваат видливи во гениталниот тракт. Периодот на инкубација е многу индивидуален, па симптомите може да се појават во периодот од неколку дена до неколку месеци од ризичниот контакт.

Кај жените

Жените обично немаат никакви симптоми во почетната фаза, а доколку ги имаат, знаците може да бидат многу благи и да потсетуваат на урогенитални инфекции. Меѓутоа, ако има инфекција, жената има значително зголемен ризик од развој на сериозни здравствени компликации, дури и кога симптомите не се присутни. Ова се најчестите симптоми:

-болка и печење при мокрење

-зголемена вагинална секреција

-екстраменструално крварење

-крварење после сексуален однос

-болка во долниот дел на стомакот и карлицата.

Кај мажите

Кај мажите, гонококната инфекција може да биде целосно асимптоматска. Ако се појават, симптомите на гонореја кај мажите вклучуваат:

-болка и пецкање при мокрење

-гноен секрет од пенисот

-болни и отечени тестиси (малку поретко)

Симптомите на гонореја можат да се појават и во ректумот и тоа важи и за мажите и за жените, а еве како тие се манифестираат:

-исцедок од анусот

-чешање

-крварење

-болка при празнење на дебелото црево.

Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.