По Доха: Зошто Западот се ангажира со Талибанците?

Анализа на Анант Мишра и д-р Кристијан Каунерт за ИФИМЕС

Со навршување на речиси три години владеење на Талибанците (откако за прв пат ја презедоа контролата на Авганистан во 2021 година), глобалните економии продолжуваат да се борат за тоа како најдобро да се справат со групата. Несогласувањето (меѓу научниците) не се должи само на тоа што нацијата користи различни диплматски средства за да се ангажира со групата, туку и различни механизми дури и за пристап до групата, што беше видливо за време на серијата ангажмани иницирани од страна на Обединетите нации во Доха, кои неодамна завршија на 30 јуни.

На состанокот присуствуваше и официјалниот портпарол на Талибанците, но авганистанските жени, меѓу другите клучни претставници на авганистанската заедница, локалните институции за хуманитарни помош и клучните политички актери, едноставно беа отсутни. Да се биде домаќин на состанок со таков состав (без легитимен ентитет кој ги претставува локалните Авганистанци), одразува некаков облик на согласност од Западната заедница да се помири со Талибанците (по нивните услови), што им отежнува на непосредните соседи да формулираат авганистанска политика (наместо тоа принудувајќи ги до го рационализираат талибанскиот пристап) без да се доведе во безредие регионалната стабилност.

Земајќи го предвид одговорот на глобалните економии кон Талибанците (од толкувањето на авторите на нациите кои имаат интеркација со групата на маргините на разгворите во Доха иницирани од ОН) еден облик на ангажираност постигна консензус на глобално ниво: систематска (некои научници ја нарекуваат огранчена) поларизација за време на краткорочната ангажираност. Ова иницираше тренд на одржлива поларизација (дури и за краткорочна ангажираност) на клучни легитимни претставници/политички чинители или оние кои се противат на Талибанците за време на ангажираноста на Западот со групата, на глобално ниво.  Со создавање опасен преседан, идните ангажмани кои вклучуваат приватни дискусии со талибанските лидери (на регионално или глобално ниво) би можеле да се случат без легитимни претставници или какви било формални претставници од авганистанските жени лидери или институциите за хуманитарна помош/граѓански организации предводени од Авганистан. На тој начин, им е невозможно на вистинските гласови на авганистанската заедница да стигнат до пошироки, глобални/интелектуални платформи и регионални форуми.

Но, западните политички претставници се чини дека се едноставно лишени од сигурни/легитимни авганистански засегнати страни, не давајќи им друг избор освен едноставно да се ангажираат директно во групата. Ова може да биде точно бидејќи неколкуте засегнати страни кои тврдат дека ги одекнуваат гласовите на локалните Авганистанци и се спротивставуваат на политиките на Талибанците, самите се во борба за легитимност.

Авторите категоризираат неколку останати авганистански засегнати страни кои се спротивставуваат на Талибанците во две фракции:
a) Едната има за цел да влијае на меѓународната заедница преку поголема ангажираност на форуми за политики со намера да се поттикне „нивниот“ наратив

б)Другата има за цел едноставно да го зајакне нивниот имиџ во очите на Талибанците, покажувајќи ја нивната важност како соговорници со Западот

Од птичја перспектува, се чини дека двете засегнати страни тврдат дека ги претставуваат интересите на локалните Авганистанци. Но, на чистите тврдења за посветеност кон општото добро на авганистанските животи им е потребен консензус меѓу овие (самите) засегнати страни прво, потоа со авганистанската интелектуална заедница (исто така наречена елити) и влијателните групи. Авторите ги дефинираат влијателните групи како членови на академската заедница, некогашниот дипломатски кор, политичкото раководство на поранешната република и авганистанската тинк-тенк заедница.

Дозволете сега да ги оцениме поединечните пристапи на гореспменатите засегнати страни, разгледувајќи ги нивните гледишта.

Инфлуенсерите

Кога Талибанците беа на помалку од неколку недели од Кабул, меѓунардната заедница имаше серија дискусии со локалните политички лидери и авганистанските елити за последиците од преземањето на групата. Дискусиите главно го опфатија однесувањето на Талибанците, разгледувајќи ја можноста за некоја идеолошка промена, во групата. Сите авганистански засегнати страни (инфлуенсери и соговорници) едногласно се согласија да се ангажираат со групата, при што инфлуенсерите се надеваа да добијат одредена тежина над Талибанците. Ова резултираше со тоа да меѓународните институции за помош и хуманитарните организации/невладините тела, дури и Обединетите нации, се ангажираат со засегнатите страни, оправдувајќи ја нивната ангажираност под изговор за очајната економска состојба на Авганистан, нагласувајќи ја помошта за маргиналните групи (преку инфлуенсерите) подигнувајќи го влогот на нивната вклученст.

Со навршување на речиси три години, меѓународните групи и западните економии кои се ангажираа со овие засегнати страни и имаа сериозна расправа во однос на различни прашања (од приспособени барања до конкретна ангажираност) сега директно се ангажирани со Талибанците. Многу странски институции побараа помош од групата за да го олеснат дипломатскиот дијалог, да се ангажираат со земјите од Заливот (Саудиска, Катар и Турција), истакнати верски свештеници (вклучувајќи посветени дискусии со влијателни Кари/Кази во редовите на Талибанците) организираат верски форуми (во Кабул и Мазар) со намера да ги смират Талибанците, да бараат преговори со клучните талибански поврзани свештеници за контроверзни прашања (ставот на Талибанците во однос на правата на жените и вклучување на жените во работната сила). Ова резултраше со тоа што западните институции отворено нудат пакети за финансиска помош (преку инфлуенсери), давајќи им отстапки на Талибанците, со надеж за реципрочни услуги. Ова иницираше трка за обезбедување финансиска помош (меѓу моќните држави) што сега ескалира до олабавување на визните ограничувања и покрај злосторствата извршени од Талибанците врз маргиналните групи (вклучително неконтролирани случаи на киднапирање/убиства и систематска изолација на жените) како што е очигледно од патувањето на Сираџ Хакани во ОАЕ, при што Обединетите нации им дадоа дозвола за патување на уште тројца врвни политички лидери на групата.

По постигнување одредена стабилност во односите со Талибанците, инфлуенсерите ја постигнаа реалноста; нивното постоење беше оправдано сé додека меѓународната заедница не се навикна на новото владеење на Талибанците: воспоставување линија на комуникација на почетокот и следење на нивното задржување на власт. Кон крајот на 2023 година, овие меѓународни организации за помош и западните групи почнаа директно да се ангажираат со Талибанците. Автрите спроведоа серија интервјуа со многу такви засегнати страни, правејќи детално истражување за опсегот на нивната директна ангажираност со Талибанците, категоризирајќи ја нивната интеракција во следното:

Размена на разузнавачки информации со ГДИ (акцент на странски терористички борци и странски државјани во рамките на борбените сили на Талибанците),

  1. Следење во реално време на борците на Ал Каеда и ИСИС (врвните ешалони)
  2. Следење на потенцијални терористички фракции/волци самотници кои дејствуваат во Европа
  3. Следење на потенцијална конкуренција на големи сили во регионот,
  4. Дискусија за социјалната агенда вклучително човекови права и исклучување на жените од работната сила и
  5. Социо-економските предизвици за авганистанското општество

По губењето на нивното значење, авторите расправаат за намерата на таквите инфлуенсери, бидејќи ниту еден од нив не спомнал за дискутирање/претставување на приоритетите на локалните Авганистанци со раководството на Талибанците (за време на интервјуто на авторите), давајќи приоритет на опсегот на нивната ангажираност чисто за да се врши влијание врз Западот.

Соговорниците

Оснвната разлика меѓу пристапот на инфлуенсерите и оној на соговорниците лежи во нивните приоритети: првиот има за цел да оствари поголемо влијание врз западните групи додека се здобива со одредена тежина во однос на Талибанците, додека вториот има за цел да ја демонстрира нивната способност да посредуваат со западните институции, со намера да се стекне почит/легитимитет во редовите на Талибанците. Иако двете групи, во многу наврати, работат на тенки линии (смирување на Талибанците), нивните приоритети ги одразуваат политичките амбиции.

Поборниците на пристапот на соговорниците го пропагираат режимот на Талибанците како легитимен, барајќи меѓународна поддршка/вклученост со глобалните сили, пригушувајќи посветли изгледи за развој/раст за да се спротивстави на аргументите за страшната социо-економска криза во Авганистан и има за цел да се поврзе со една одредена група (некои одразуваат претходната приврзаност со клучните членови на Рахбари Шура и семејствто Хакани) испраќајќи позитивни слики за законот и редот за да се спротивстават на западната пропаганда за апсолутно беззаконие. Поборниците силно веруваат во тоа да се стават Талибанците на преговарачка маса со застапување на групата како единствен легитимен ентитет на Авганистанците. Спред еден свештеник, некои поборници (поврзани со семејството Хакани) вршат сериозна контрола врз одредени географски области на регионот (гранични пунктови со Пакистан/Иран и источен/југоисточниот дел на Авганистан) имаат посветена логистика (рути за трговија со луѓе и посветена мрежа Хавала), приватна војска засилена со некои воени команданти и членови на Генералната дирекција за разузнавање (ГДИ) работејќи неофицијално, со одредена (неофицијална) поддршка од Рахбари Шура.

Заедничката основа? 

Според еден научник, поборниците на двете групи ги оправдуваат меѓусебните позиции барајќи легитимност на нивната група, додека се критикуваат меѓусебно и ги бранат своите аргументи како логични и реални (не само во интерес на локалните Авганистанци) туку битни за иднината на Авганистан. Се чини дека двете главни фракции се согласуваат за смирување на Талибанците, што се чини е единствената заедничка основа. Се чини дека поборниците на двете групи донекаде се оградија од истакнување на вистинските потреби на локалните Авганистанци (на регионални и меѓународни форуми) – фокусирајќи се на воспоставување на индиректен дијалог со Талибанците, залагајќи се како вешт посредник – добродетел во (што се чини дека е) долгорочна политичка дилема за регионалните и глобалните економии.

Земајќи ги предвид долгорочните интереси, западните групи/меѓународните организации можеби ја имаат променето својата политика на ограничено ангажирање со талибанската политичка класа во одржлив конструктивен дијалог, фокусирајќи се на постигнување долгорочни стратешки интереси во нивната талибанска политика. Овој модел на одржливо ангажирање би значел воспоставување на апсолутна линија на комуникација непосредно со политичкото раководство на Талибанците, дури и по цена на отстранување на авганистанските засегнати страни од равенката (можеше потенцијално да го попречи воспоставувањето на директните односи) практично негирајќи го постоењето на групата.

Ова можеше да резултира во тоа да западните групи и меѓународните организации да донесат трансформација (што се чинеше неизбежна) во нивните односи со Талибанците, отфрлајќи го пристапот на авганистанска инклузивност и приспосубање на талибанската политика на исклучување како дел од нивната авганистанска стратегија.

Со Талибанците кои ги контролираат сите столбови на владењеето, се олеснува комуницирањето на Западот директно со еден единствен ентитет (членви на Рахбари Шура кои потоа му наложуваат на Министерството за надворешни работи или кое било релевантно министерство да го преземе нивното барање) ограничувајќи ја нивната интеракција на една политичка група, наместо директно да се занимава со различните фракции во рамките на Талибанците. Исламскиот емират е ентитет лишен од функционални граѓански групи, независни племенски старешини/воени господари, повеќе политички приврзаници (претставници), општествени претпријатија/ентитети водени од општеството, медиумски куќи посветени на слободата на говор, или дури посветени истомисленици на авганистанската академија, која можеше да има уникатни одговорности во цивилизацијата на друго место, што резултираше со западните групи да прошират повеќе ангажмани и да ангажираат авганистански засегнати страни да водат одредена агенда. Покрај домашните безбедносни закани (предизвици кои произлегуцаат конкретно од ИСКП), западните групи не се соочуваат со никаков предизвик во ангажирането со политичката класа како што имале во минатото. Имајќи го предвид долгорочниот талибански пристап на Западот, ангажирањето со засегнатите страни можеше да доведе до последователни одложувања отколку директно ангажирање со талибанската политичка класа.

Научени лекции

Со три годони под појасот, нема да биде неточно да се каже дека талибанското раководство почнува да го разбира владеењето, но останува лишено од стручно ориентирана група на бирократи, релевантно техничко знаење за ефективно/ефикасно управување. Со тоа, Талибанците сé уште се наоѓаат во списокот на санкции на многу економии, вклучително и ОН, што го отежнува вклучувањето во финансиски преговори што резултира со продолжен ангажман и ненавремено одложување на плаќањето на постоечките (ограничени) проекти. Земајќи ја емотивната перспектива, авторите сметаат дека Талибанците не го претставуваат народот на Авганистан, наместо тоа, тие се претставуваат себеси ако ентитет.

Според тоа, од реална перспектива, сите столбови на владеењето се под експлицитна контрола на Талибанците, принудувајќи го Западот да се ангажира со групата директно, земајќи ги долгорочните стратешки интерси во предвид и се чини дека односите попрво би се продлабочиле отколку да стагнираат. За време на интервју со еден таков странски ентитет, авторите можеа да идентификуваат структура во моделот на ангажирањето на ентитетот со Талибанците, класифирајќи го во краткорочни очекувања до долгорочни цели. За испитување на неспособноста на Западот да ги обезбеди правата на жените или дури и да изврши притисок врз Талибанците да усвојат женско-центрични пристапи како социјална политика, членови на ентитетт дадоа нејасни објаснувања, докажувајќи ја нивната неспособност/незинтересираност за обезбедување на правата на жените или дури и подигнување на економските услови на локалните Авганистанци.

Нејасен одговор не нужно ја одразува незаинтересираноста на Западот за покренување на прашањата за изолацијата на жените во социо-економскиот пристап на Талибанците или апсолутна незаинтересираност на кој било ентитет да ја поддржи социо-економската политика предводена од жените, но картите зборуваат сами за себе. Како што Талибанците навршуваат три години владеење, Западот ја смени својата политика кон Авганистан, оградувајќи се од авганистанските засегнати страни, истовремено воспоставувајќи директна линија на комуникација со политичкото раководство на Талибанците (не поради чиста загриженост за социо-економското издигнување на локалните Авганистанци или за подигнување на очајната хуманитарна состојба во земјата) засновајќи ја чисто на пресметка на регионална/надворешна политика.

Според тоа, без ентитет да ги крева гласовите на локалните Авганистанци на меѓународни/регионални форуми, влијанието на одржливата ангажираност на Западот со Талибанците долгорочно, ќе се покаже како катастрофално. Ова се чини дека е точно затоа што нациите се чини дека веќе го приспособуваат талибанско-центричниот пристап со некои кои имаат за цел да ја прошираат ова ангажираност, замолчувајќи ги оние кои сé уште се залагаат за авганистански-инклузивен пристап. Пристапот на Западот може да изгледа логичен (во најдобар случај), тој потенцијално би можел да го уништи чистото ткиво на авганистанското единство, втурнувајќи ја нацијата во граѓанска војна (не денес или утре), но во блиската насилна иднина.


Анант Мишра е вонреден соработник на Меѓународниот центар за полициско работење и безбедност, Универзитет Јужен Велс
Др. Кристијан Каунерт е професор по меѓународна безбедност на Универзитетот Даблин, Ирска. Тој, исто така, е професор по полициско работење и безбедност, како и Директор на Меѓународниот центар за полициско работење и безбедност на Универзитетот Јужен Велс. Покрај тоа, тој е претседател на Жан Моне, директор на Центарот за извонредност Жан Моне и директор на Мрежата Жан Моне за борба против тероризмот на ЕУ.  (www.eucter.net).

Превод: Н. Цветковска