Пред средбата со кинескиот претседател Кси Џинпинг, американскиот претседател Доналд Трамп му нареди на Министерството за одбрана на САД веднаш да продолжи со тестирањето на нуклеарно оружје на рамноправна основа со другите нуклеарни сили.

„Поради програмите за тестирање на други земји, му наредив на Министерството за одбрана да започне со тестирање на нашето нуклеарно оружје на рамноправна основа. Тој процес ќе започне веднаш“, напиша Трамп на Truth Social пред средбата со Кси во Јужна Кореја.

„Русија е втора, а Кина е на далечното трето место, но тие ќе бидат изедначени во рок од пет години“, нагласи Трамп.

Претседателот Владимир Путин во средата изјави дека Русија успешно го тестирала нуклеарното супер-торпедо „Посејдон“, за кој воените аналитичари велат дека е способен да ги уништи крајбрежните области со предизвикување огромни радиоактивни океански бранови.

Иако Трамп ја заостри и својата реторика и својот став кон Русија, Путин јавно ги покажа своите нуклеарни мускули со тестирањето на новата крстосувачка ракета „Буревестник“ на 21 октомври и вежбата за лансирање нуклеарно оружје на 22 октомври.

Соединетите Американски Држави последен пат тестираа нуклеарно оружје во 1992 година.

Тестовите даваат докази за тоа што може да направи секое ново нуклеарно оружје, но и за функционалноста на постарото оружје.

Освен обезбедувањето технички податоци, таков тест би се сметал во Русија и Кина како намерно потврдување на американската стратешка моќ.

фото: принтскрин

Текстот По 30 години, Трамп нареди тестирање на американско нуклеарно оружје е превземен од МАКФАКС.