Петра Квитова, искусната тенисерка од Чешка, е втората финалистка на АТП Мастерсот во Мајами, откако со сигурни 7-5, 6-4 славеше сигурна победа над романката Сорана Кирстеа.

Advertisements

Кирстеа подобро го отвори второто полуфинале и прва направи брејк за предност од 5-2, но Чехинката не се предаде и со пет гема во низа се избори за предност во сетови од 1-0. Во вториот сет Квитова направи брејк веднаш на стартот, и тоа се покажа како клучен момент, бидејќи Романката немаше сили за враќање во игра и остана без шанса за борба за трофејот.

Петра Квитова во големото финале во Мајами ќе се сретне со Елена Рибакина, која со 2-0 славеше на средбата со Пегула./Gol.mk

Прикажи повеќе