Директорот на Институтот за имунобиологија, д-р Александар Петличковски укажува дека треба да размислуваме кон насока на укинување на ковид-сертификатите.
Сега сме во друга реалност од пред два месеци и значењето на ковид-сертификатите не е такво како што беше пред два месеци, имајќи предвид дека и вакцинираните и тие што прележале, можат повторно да се заразат. Логиката да се бара сертификати и да се ограничува слободата на движење не е истата. Ние ги воведовме за да стимулираме вакцинација и таа мерка треба да се измери сега – вели д-р Петличковски во емисијата „Топ тема“.
Според него, таа мерка сепак била најефикасна за прифаќање на вакцинацијата.
Но ако во моментов тоа не вродува со плод, треба да размислиме во насока на укинување – потенцира д-р Петличковски.
Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.