Коалицијата на Продолжуваме со промените и Демократска Бугарија (ПП-ДБ), нема да поддржат влада со мандат или учество на ГЕРБ, информираа на прес-конференција партиските челници.

Advertisements

„Сите партии во коалицијата одлучија дека нема да поддржиме влада со мандат или учество на ГЕРБ. Јасно е дека не успеавме доволно да ги убедиме бугарските граѓани дека за европскиот пат на развој на земјата вреди да излезат да гласаат“, изјави Асен Василев, копретседател на Продолжуваме со промените кој оцени дека имало сериозни проблеми со спроведувањето на изборите.

Нашата одлука да не ја поддржиме ГЕРБ во првиот мандат се заснова на вредности. Тоа што го видовме во минатиот парламент и на овие избори се заснова на овие вредносни разлики, рече од своја страна Кирил Петков.

Тој изјави дека во коалицијата се обединети околу одлуката ПП-ДБ да работи на важни политики со сите политички партии.

„Ќе разговараме со сите нив, бидејќи на бугарските граѓани им ветивме јасни политики за справување со актуелните проблеми. Почнувајќи од буџетот, кој не може да биде заложник на разговорите меѓу политичките партии“, рече Петков.

Прикажи повеќе