Актуелната состојба на Западниот Балкан, во контекст на кризата предизвикана од руската воена инвазија на Украина и последните случувања во дијалогот меѓу Северна Македонија и Бугарија, беа меѓу темите на разговор на денешната средба на бугарскиот премиер Кирил Петков со еврокомесарот за соседство и проширување Оливер Вархеји, соопшти Прес-центарот на бугарската Влада.

Advertisements

Како што јави дописникот на МИА од Софија, Петков на средбата ја потврдил желбата за изнаоѓање заемно прифатливо решение за отворените политички прашања со земјава, имајќи ги предвид дека станува збор за теми што се чувствителни за Бугарија.

Петков истакнал и дека интензивирањето на секторската соработка меѓу Северна Македонија и Бугарија придонесува за градење меѓусебна доверба и разбирање.

Прикажи повеќе