Владата на Република Северна Македонија доаѓа во Софија во вторник, потврди бугарскиот премиер Кирил Петков на денешната владина седница. Тој пред министрите и јавноста сподели кои ќе бидат клучните теми на разговор со македонските колеги.
-Сите ја имаме можноста да направиме нешто што во последните 30 години не е правено. Реално, треба да го надоместиме за големиот дел од задачите што не се завршени. Треба да видиме како и во кои рокови можеме да ја имаме железничката линија Софија-Скопје. Треба да имаме план како да се патува со автомобил, не за четири часа, туку туку тие 180 километри како да бидат минати побрзо, рече Петков.
Зборувајќи и за авионската линија, но и календарот на културни актвиности, Петков додаде дека сите детали ќе бидат разгледани на меѓувладината седница.
-Сите вие ќе се сретнете со вашите колеги од Република Северна Македонија и ќе направиме реален план, со реални постигнувања кои треба да ги завршиме во наредните шест месеци, особено на средбите кои очекувам да се на неделно ниво, истакна Петков.
Според него, со новиот пристап во разговорите веќе нема да се губи ниту минута, сѐ со цел, како што вели, односите меѓу двете земји да се мерат во реални резултати.