Во Загреб пет пациенти хоспитализирани откако заболеле од бактерија легионела (Легионерска болест), а двајца пациенти се во тешка состојба, соопшти денеска Клиничкиот болнички центар (КБЦ).
Според Јутарњи лист, по откривањето на заразените пациенти е покрената истрага за изворот на заразата, бидејќи е познато дека многу често инфекцијата може да се прошири или од клима уреди или од вода.
„Веднаш го алармиравме Хрватскиот институт за јавно здравје кој ги направи сите анализи и бактеријата е изолирана во водоводниот систем, во моментов е во тек пастеризацијата, односно се пушта топла вода од сите чешми во болницата“ изјави Миливој Новак, помошник директор на КБЦ.