Пет деца се однесени во болница откако пливале во базен во спортски комплекс во областа Боргезијана, на периферијата на Рим.

Најтежок облик на труење има деветгодишно дете, кое е сместено на интензивна нега, објави Анса.

Полицијата започна истрага, а според првичните информации, причина за проблемот е труење со хлор во водата од базенот.

Текстот Пет деца хоспитализирани во Италија поради труење со хлор е превземен од МАКФАКС.