Претседателите на Русија и Кина, Владимир Путин и Си Џинпинг вчера неформално разговараа за кинескиот мировен план за Украина, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.
Имаше многу темелна размена на мислења, сериозен разговор во неформален дел“, изјавил Песков.
Тој одби да даде повеќе детали и им порача на новинарите да ги почекаат изјавите за медиумите на двајцата претседатели, кои денеска ќе имаат официјални разговори.
Извор: Танјуг