Кремљ не ја исклучува можноста за телефонски разговор меѓу рускиот претседател Владимир Путин и американскиот претседател Доналд Трамп по американско-украинските преговори во Џеда, изјави денеска портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.
„Не исклучуваме дека може да се појави тема за телефонски разговор на највисоко ниво. Доколку се појави таква потреба, тој ќе се организира многу брзо. Постојните канали за дијалог со Американците дозволуваат тоа да се направи за прилично краток временски период“, рече тој.
Песков додаде дека Русија очекува да добие информации за деталите од преговорите во Џеда на преговорите со САД, кои ќе се одржат наскоро, пренесува Тас.
Во врска со потенцијалното 30-дневно примирје во Украина, за кое разговараа украински и американски претставници, Песков истакна дека е важно „да не се брза“.
Текстот Песков: Не ја исклучуваме можноста за разговори меѓу Трамп и Путин наскоро е превземен од МАКФАКС.