Кошаркарите на Пелистер го совладаа тимот на Кожув со 79-67. Гостите ги добија првите три четвртини и создадоа предност од 70-41 по што стана јасно дека двата бода одат во Битола.
Кесар и Малешевиќ со вкупно 36 поени беа први стрелци кај лидерот, Колев за Кожув пак даде 20 поени.
Еуро Никел пак беше подобар од ТФТ со резултат 80-74. Ова беше дуел во кој првиот дел му припадна на скопскиот состав, а вториот на домаќинот со тоа што клубот од Кавадарци беше поубедлив и го запиша првиот триумф во 2022 година. Томиќ со 18 поени се издвои кај кавадарчани, Хортон и Ташовски со по 14 беа први имиња кај составот од Тафталиџе.