Пауло Фонсека, некогашниот тренер на Рома и Шахтјор, кандидат е да седне на клупата на Њукасл доколку Стив Брус добие отказ.

Во текот на летото Португалецот беше поврзуван со Тотенхем, но тоа место го доби неговиот сонародник Нуно Еспирито Санто.

Моментално Фонсека е без работа и заинтересираните клубови не би морале да плаќаат отштета. Најголемиот успех Фонсека го имаше со Шахтјор. Од 2016-та до 2019-та со тимот од Доњецк три пати дојде од двојната круна во Украина.

После тоа замина во Рома, каде минатата сезона стигна до полуфиналето на Лигата на Европа. Во Калчото заврши седми. Тоа е причината поради која доби отказ, а на негово место беше доведен Жозе Мурињо.