Алберто Џилардино ја заврши мисијата во Џенова иако на последните два меча освои четири бода.

Како што пренесува Фабрицио Романо, а истакнуваат и некои други медиуми во Италија, Џенова постигнала договор со Патрик Виеира.

Искусниот Французин минатата сезона раководеше со Стразбур, но на крајот од сезоната реши да го напушти клубот и оттогаш е слободен.

Поранешниот француски репрезентативец кариерата ја започна во резервниот тим на Манчестер сити, а потоа како прв тренер работеше во Стразбур, Њујорк сити, Ница и Кристал Палас.

Текстот Патрик Виера ќе ја преземе Џенова е превземен од МАКФАКС.