Папата Франциско денеска изјави дека злоупотребата на деца е страшно злосторство.

„Злоупотребата на малолетници, без оглед на нејзината природа, е одвратен, страшен чин. Тоа не е само зло на општеството, туку и злосторство“, нагласи папата, пренесе Анса.

Тој исто така истакна дека тоа е „сериозно кршење на Божјите заповеди“.

Папата додаде дека ниту едно дете не треба да трпи злоставување и повика на будење на совеста, блискост и солидарност кон малтретираните деца и адолесценти.

Тој, исто така, повика на градење доверба со оние кои работат за да понудат безбедна средина каде децата ќе можат да растат во мир, пренесува Танјуг.

Текстот Папата Франциско за злоупотребата на децата: Тоа е кривично дело, а не само социјално зло е превземен од МАКФАКС.