Дарко Панчев, легенда на македонскиот фудбал и Црвена звезда, за „Спорт клуб“ ги коментираше случувањата на натпреварот Милан-Црвена звезда (2:1), во шестото коло во Лигата на шампионите.
Милан на „Сан Сиро“, победи со сомнителен гол во 87.минута. ВАР ја прегледуваше ситуацијата, поточно дуелот меѓу Габија и Спајиќ, на крајот пресуди дека играчот на Милан на направил фаул во напад.
На голот му претходеше корнер што го доби Милан, кој исто така е спорен бидејќи судијата Хил манзано не го виде очигкедниот фаул (влечење за дрес) на Ејбрахам врз Џига.
„Правдата замина по својот пат“, вели Панчев и дополнува.
„Да се случеше ова во шеснаесетникот на италијанскиот претставник во финишот на натпреварот, сигурно ќе беше досуден прекршок, ВАР немаше да се вклучи. Толку од искреноста. Така, лицемерието кое Западот го покажува кон клубовите од истокот доби нова потврда и нова димензија, играчот на Милан го турна ривалот од Звезда… Играв фудбал, знам што е дуел, знам и што е фаул е. Каков срам!“
Текстот Панчев за „Спорт клуб“: Лицемерството на Западот ја победи Црвена звезда е превземен од МАКФАКС.