Македонската фудбалска легенда Горан Пандев даде интервју за италијански „РАИ спорт“ поврзано со бараж натпреварот меѓу Италија и Македонија.
Двете репрезентации ќе играат за пласман на Мундијалот во Катар, а јасно е дека Италија е огромен фаворит на оваа средба. Тоа го потенцира и Горан Пандев кој вели дека нашите играчи нема што да загубат и затоа имаат шанса на овој натпревар.
– Италија е фаворит затоа што игра дома, а го освои и последното Европско првенство. Но репрезентацијата на Македонија верува во себе, најмногу поради тоа што нема што да загубиме. Луѓето веруваат во играчите затоа што знаат колку овие момци може да дадат кога играат без притисок. Најдобра одлука беше да се повлечам по Европското првенство затоа што Македонија никогаш не се пласирала на такво натпреварување. Дали би можел да играм во националниот тим на Италија? За мене Италија е втор дом, мотие деца се тука, но отсекогаш сум ја носел Македонија во срцето, -изјави Горан Пандев.