Палестина ќе се придружи на изборот за Мис Универзум за прв пат по 74 години. Моделот Надин Ајуб ќе ја претставува земјата на 74-от избор за Мис Универзум, кој ќе се одржи во Пак Крет, Тајланд во ноември.

Таа сподели емотивна порака на Инстаграм, нагласувајќи ја важноста на моментот: „Чест ми е да објавам дека Палестина ќе биде претставена на Мис Универзум за прв пат. Стапнувам на сцената на Мис Универзум не само со титула, туку и со вистината.“

„Додека Палестина минува низ срцепарателна криза, особено во Газа, го носам гласот на народот кој одбива да биде замолчен. Ја претставувам секоја палестинска жена и дете чија сила светот треба да ја види. Ние сме повеќе од нашето страдање – ние сме отпорност, надеж и срце на татковината што живее преку нас“, додаде таа.

Која е Надин Ајуб?

27-годишната Ајуб е фитнес тренер и нутриционист, која сега живее во Дубаи, пишува „Араб њуз“. Таа веќе постигна значајни успеси во светот на натпреварите за убавина: во 2022 година, таа ја зеде дома лентата Miss Earth Water на натпреварот Miss Earth во Манила, а исто така беше првата жена што ја претставуваше Палестина на тој натпревар. Miss Earth е еден од четирите најголеми избори за убавина во светот, заедно со Miss World, Miss Universe и Miss International.

Истата година, таа беше крунисана за Мис Палестина, а покрај светот на модата и убавината, таа е активна и во областа на образованието. Таа ја основа Академијата „Олив Грин“, училиште за креирање содржини кое комбинира одржливост со вештачка интелигенција, со цел да понуди иновативен пристап кон образованието и дигиталната креативност.

фото: принтскрин

Текстот Палестина за прв пат во историјата има претставничка на изборот за Мис Универзум е превземен од МАКФАКС.