Дел од корисниците во моментов имаат проблеми до пристап на Фејсбук и неговата популарна апликација за пораки Месенџер.
Проблемите вклучуваат неможност за испраќање и примање пораки на Messenger, како и повремени прекини на Facebook, поради што апликациите повремено не успеваат да вчитаат содржина.
Компанијата „Мета“, која е сопственик на „Фејсбук“ и „Месeнџер“, допрва треба да се изјасни за актуелните проблеми.