Локалната полиција потврди дека оштетен дрон за кој се верува дека учествувал во ноќен напад е откриен во селото Чосновка во источна Полска.

Чосновка се наоѓа на околу 40 км од границата на Полска со Белорусија.

Полската влада ги предупреди сите што ќе го пронајдат соборениот дрон да не му се приближуваат, велејќи дека „таквите предмети можат да останат опасни и мора да бидат проверени од експерти“.

Текстот Оштетен дрон пронајден на 40 км од границата на Полска со Белорусија е превземен од МАКФАКС.