Војводата и војвотката од Сасекс ја прославија седмата годишнина од бракот пред два дена, поради што нивната свадба е повторно во центарот на вниманието. Во текот на изминатите седум години, славниот пар покажа дека не им е непознато отстапувањето од традицијата, а така започна и нивниот брачен живот.

Хари не побарал дозвола од таткото на Меган за брак, Меган одела сама до олтарот, а самата церемонија била спој на две култури. Нејзиниот ден како од бајките беше сè друго освен типична кралска свадба, со госпел хорот, говорот на Меган и гостите во центарот на вниманието.

Меган одлучи да одржи говор на свадбениот прием. Во САД, ова е вообичаено: говорите ги држат младенците, кумовите и родителите. Но, на британските кралски свадби, таа чест генерално им припаѓа на кумот, домаќинот и младоженецот.

Целиот говор беше јавно објавен за прв пат во документарната серија на Нетфликс „Хари и Меган“. „Да замислиме дека ова е модерна бајка. Си беше еднаш едно девојче од Лос Анџелес. Некои ја нарекуваа актерка. И имаше едно момче од Лондон. Некои го нарекуваа принц. Но, никој навистина не разбра. Бидејќи ова е љубовна приказна за едно девојче и едно момче на кои едноставно им било судено да бидат заедно“, рече Меган, меѓу другото, во својот говор.

Таа, исто така, размислуваше за ограничувањата што ѝ ги донесе влегувањето во кралското семејство: „Отсекогаш ја ценев независноста. Бев гласна, особено кога станува збор за правата на жените. И тоа е тажната иронија на изминатите четири години – толку многу се залагав жените да го користат својот глас, а потоа молчев.“

Нивната венчавка се одржа во сабота, за разлика од типичните кралски венчавки кои се одржуваат во текот на работната недела. Иако тоа правило не е свето (Чарлс и Камила ја одложија својата венчавка поради погребот на папата Јован Павле II). Оваа церемонијата имаше и поинаков тон.

На иницијатива на Меган, во церемонијата беа вклучени елементи од афроамериканската култура – како што се госпел хор и проповед од американскиот бискуп Мајкл Кари – што привлече големо медиумско внимание и означи значително отстапување од кралскиот протокол.

Меѓу гостите доминираа познати лица од светот на славните личности, додека традиционалните гости како политичари и дипломати беа претежно отсутни. Двојката, исто така, побара да се ограничи бројот на претставници на медиумите, уште еден потег што не се вклопуваше во вообичаената кралска рамка.

Меган наводно го навлекла неодобрувањето на кралицата Елизабета со тоа што избрала бела венчаница, иако веќе била разведена, што не е во согласност со традицијата според конзервативните правила на Англиканската црква. Фустанот, едноставен и модерен, го дизајнираше Клер Вејт Келер за Живанши, и повеќе потсетуваше на стилот на холивудска актерка отколку на изгледот на типична британска војвотка.

Чарлс ја пратеше Меган на дел од патот до олтарот, но таа одлучи да го оди остатокот сама за да ја нагласи својата независност. Нивниот однос беше топол во тоа време, а Чарлс дури и ѝ помогна да ја разбере кралската историја и протокол. Тој, исто така, финансиски го поддржа нивното преселување во Фрогмор.

Но, по познатото интервју со Опра во кое Меган рече дека има „загриженост“ за бојата на кожата на нивниот син Арчи, Чарлс наводно бил длабоко повреден.

Заедничкиот живот на Хари и Меган е обележан со низа предизвици, од затегнати односи со нивното семејство, до повлекување од кралските должности, па сè до медиумскиот притисок кој никогаш не стивнува. И покрај бурните години, двојката остана заедно и доби две деца – синот Арчи и ќерката Лилибет.

Меган ја одбележа седмата годишнина со емотивна објава на Инстаграм и фотографии што никогаш порано не биле видени.

Текстот Откриено е што Меган и Хари не смееле да прават на свадбата, говорот ги шокираше сите е превземен од МАКФАКС.