Откриен е нов, прецизен метод за откривање на Алцхајмеровата болест преку анализа на крвта, а откритието може да биде револуционерен чекор напред во дијагнозата на болеста, најавија истражувачите.
Мерењето на нивото на протеинот наречен p-tau 217 во крвта би можело да биде многу сигурен показател за откривање знаци на прогресивна состојба на Алцхајмерова болест, имајќи предвид дека овој протеин е всушност маркер за биолошки промени во мозокот на заболено лице, пренесе Sky News.
Експерти тврдат дека овој метод може да се покаже како подобар од голем број други тестови кои моментално се развиваат.
Во студијата во која учествувале 786 испитаници, истражувачите со помош на нов тест сакале да откријат кој од нив би имал најмали, а кој најголеми шанси за развој на Алцхајмерова болест.
Оваа студија е добредојден чекор во вистинската насока бидејќи покажува дека тестовите на крвта можат да бидат исто толку точни како и поинвазивните и поскапи тестови за откривање на симптомите на Алцхајмерова болест“, објасни Ричард Оукли, вонреден директор за истражување и иновации во Здружението за Алцхајмерова болест.
Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.