Откако кариерата му тргна по надолна линија, поранешната холивудска ѕвезда Стивен Сигал се декларира како „милион проценти“ Русин

Во контекст на опширниот осврт на  Цивил Медиа за тоа зошто дискредитираните Американци се впуштаат во улога на пропагандисти на озлогласени диктатори, како еден од поистакнатите примери на дискредитираните Американци кои сесрдно ја бранат реториката на Путин, откако нивната кариера ќе тргне по надолна линија, и се соочуваат со криза (финансиска) на идентитетот, се наметнува името на поранешната акциона ѕвезда Стивен Сигал, кој стана дел од поранешната неславна група американски новинари, режисери, актери кои се ставија во служба на руската пропаганда.

Поранешната холивудска ѕвезда  Стивен Сигал почна да се декларира како „еден милион проценти“ Русин откако доби медал Орден за пријателство од претседателот Владимир Пути, за поддршката што ја дава на Русија по нејзината инвазија врз Украина.

За време на настанот, тој, исто така, ги обвини САД дека трошат „милијарди долари на дезинформации, лаги“, што според него е обид да се „обие дискредитација, деморализирање и уништување на појавниот морал на Русија“ и тврдеше дека над половина од луѓето во Америка всушност ја сака Русија.

Во видео на кое се гледа како поранешната акциона ѕвезда стои меѓу остатоците од затворот Оленивка во источна Украина, каде во ракетен напад загинаа десетици украински заробеници,  објавено на руската информативна страница ТВЗВЕЗДА, Сигал, кој е идентификуван како специјален претставник на Министерството за надворешни работи на Руската Федерација за хуманитарни односи меѓу Русија и САД, се чини дека служи како портпарол против употребата на HIMARS од Украина. Според рускиот сајт, Сигал инсуинирал заговор со тоа што сугерирал дека HIMARS го користеле украинските војници затоа што претседателот на земјата Володимир Зеленски сакал да замолчи „нацист“ што се чувал во затворот.

Сигал од предходно е познат по својот проруски став, особено откако тој покажа силна поддршка за планот на Путин во врска со анексијата на Крим, и во 2016 година, актерот доби руско државјанство.

Исто така, Сигал ги посети руските трупи во градот Оленивка, контролиран од Русија во август 2022 година, за да ја понуди својата поддршка за луѓето на првата линија на инвазијата на Путин на Украина.

Сепак, охрабрувањето од актерот се чини дека не ја промени ситуацијата во војната, бидејќи „специјалната акција“ која требаше да заврши 48 до 72 часа со освојување на Кијив, трае веќе втора година откако Путин го започна нападот.

Драган Мишев


Прочитајте го целиот текс:

Зошто дискредитирани познати Американци стануваат пропагандисти на Путин и Хитлер