Катар во соработка со САД посредуваше во постигнувањето договор меѓу Египет, Израел и Хамас за да им се дозволи на странските сопственици на пасоши и на некои тешко повредени лица да ја напуштат опколената Газа, изјави денеска за Ројтерс извор запознаен со договорот.
Договорот им дозволува на имателите на странски пасоши и на некои критично повредени лица да излезат од граничниот премин Рафах меѓу Египет и Газа, иако нема временска рамка колку долго ќе остане отворен за евакуација, додал изворот.
„Договорот не е поврзан со други прашања за кои се преговара, како што се заложниците држени од Хамас, палестинската исламистичка група која владее со Газа или паузите осмислени за да ја олеснат хуманитарната криза во енклавата која страда од недостиг на храна, вода, гориво и лекови“, рекол изворот на Ројтерс.