Најмалку осум деца во областа на Бања Лука и Лакташ се повредени додека го изведувале „Супермен предизвик“ на ТикТок.

Претходно, на тројца ученици од петто одделение од ОУ „Свети Сава“ во населбата Лауш во Бања Лука, им беа скршени двете раце кога го изведоа „Супермен предизвикот“.

Мирослав Попржен, директор на основното училиште „Свети Сава“, кој е и претседател на Здружението на директори на основни училишта од регионот Бања Лука, изјави дека овој немил настан е резултат на предизвикот „Тик Ток“ што децата ги изведувале во училиштето.

„Децата играа непримерни игри, при што едно девојче падна и ги скрши рацете. Децата го видоа предизвикот и го направија тоа, без да размислуваат за последиците“, вели Попржен.

Како што рече, важно е родителите на основците внимателно да ги следат содржините што ги гледаат нивните деца на социјалните мрежи.

 

Текстот Осум деца од Бања Лука се повредени додека го изведувале предизвикот „Супермен“ е превземен од МАКФАКС.