Кумановско-Осоговската епархија при Македонската православна црква – Охридска архиепископија (МПЦ-ОА) во саботата пријавила во Полициското одделение Матејче дека манастирот „Успение на Пресвета Богородица“ во село Матејче, општина Липково, бил мета на вандализам и кражба.
Според пријавата, непознати сторители во текот на месецов насилно влегле во објектот, кој е под заштита на државата како културно богатство, користејќи физичка сила и погоден алат. При тоа, тие извршиле ископување на подот, а притоа биле извадени и осквернавени посмртни останки на погребани лица.
Освен вандализмот, од централната манастирска црква бил украден и оловен лим.
По пријавата, на местото бил извршен увид од страна на надлежен јавен обвинител и увидна екипа од СВР Куманово. Од полицијата информираат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот и пронаоѓање на сторителите.
Текстот Осквернавен манастирот во Матејче, откопани посмртни останки и украден оловен лим е превземен од МАКФАКС.