Организаторите на Златна малина годинава почувствуваа потреба, Брус Вилис да има своја посебна категорија, што ја нарекоа „Најлошите настапи на Брус Вилис во филм во 2021 година“.
Осум филмови со американскиот актер, Вилис, се во трка за сатиричната награда, што се доделува за најлошо филмско остварување.
Во тие филмови, најчесто со многу низок буџет и прикажани само на стриминг сервиси, ѕвездата на „Умри машки“ има „оригинални улоги“, како, разочаран шеф, поранешен полицаец, пензиониран генерал или некогашен агент на ЦИА.
Ниту еден од филмовите, во кои Вилис често се појавува само на кратко, но активно ги промовираше, не доби над 20 отсто позитивни критики на сајтот Ротен томатоз, кој прибира оцени од различни извори.
Најмногу номинации оваа година освои музиклот, посветен на покојната британска принцеза Дајана. Во трка за Златна малина, се најде во девет категории, вклучувајќи и за најлош филм.
Златна малина се доделува од 1980 година. Победниците, кои најчесто не доаѓаат на церемонијата за доделување на наградите, добиваат скулптура, златно-жолта малина, која чини 4.79 долари. Досега, единствени „победници“, кои присуствуваа на церемонијата за доделување на наградите, се Сандра Булок и Хали Бери.