Обединетите нации во петокот објавија дека ќе биде потребно време за да се намали гладот во Појасот Газа и повикаа на отворање на сите премини кон воено разурнатата палестинска територија.
– Ќе биде потребно извесно време за да се намали гладот - изјави портпаролката на Светската програма за храна на ОН (WFP) Абер Етефа на прес-конференција во Женева.
Светската програма за храна на ОН испорачуваше просечно 560 тони храна во Газа дневно од почетокот на прекинот на огнот, но ова е сè уште под она што е потребно, рече Абер Етефа.
– Сè уште сме под она што ни треба, но стигнуваме до таму. Прекинот на огнот отвори тесен прозорец на можности, а WFP се движи многу брзо и успешно кон зголемување на помошта за храна – изјави Етефа за новинарите, пренесува Ројтерс.
Фото: принтскрин
Текстот ОН: Потребно е време за да се намали гладот во Појасот Газа е превземен од МАКФАКС.