Организацијата на Обединетите нации (ООН) упати итен апел за 1,2 милијарди долари наменети за помош на околу 2,7 милиони луѓе во Газа и на Западниот Брег.
„Трошоците за задоволување на потребите на 2,7 милиони луѓе – целото население на Газа и 500 000 луѓе на Западниот Брег – се проценуваат на 1,2 милијарди долари“, велат од Канцеларијата за координација на хуманитарни прашања.
„Во првобитниот апел, објавен на 12 октомври, се бараа 294 милиони долари за поддршка на речиси 1,3 милиони луѓе. Оттогаш ситуацијата станува сè поочајна“, се додава во соопштението.