Варијантата омикрон на коронавирусот сега е доминантна меѓу потврдените случаи на ковид-19 во Франција, соопшти тамошната служба за јавно здравје.

„Со варијантата омикрон беа 62,4 отсто од прегледаните тестови на почетокот на оваа седмина“, наведува француската служба.

Минатата недела со омикрон беа само 15 отсто од случаите. Ова е очекувано со оглед на тоа што се покажа дека овој сој е многу позаразен. Случаите со овој сој се доминантни и во Велика Британија и во Португалија.

Прикажи повеќе