Белгиската олимпијка Ким Мејлеманс се вратила во Олимпиското село, каде го чека почетокот на Зимските олимписки игри.
Мејлеманс вчера сними драматично видео. Била позитивна на коронавирус кога пристигнала во Кина, па морала повторно да оди во изолација. Таа мислела дека организаторите ќе ја пуштат да оди во Олимпиското село, но тие не го сториле тоа. Така, таа упати драматичен апел.
„Мислевме дека тоа значи дека ми е дозволено да се вратам во Олимпиското село. Немав никаков контакт со никого и сум препуштена на себе, не сме сигурни дали воопшто ќе ми биде дозволено да се вратам во селото“, изјавила Ким.
“Имав корона претходно овој месец. Затоа пропуштив две трки од Светскиот куп. Оттогаш ме тестираа речиси секој ден. Имав 12 негативни ПЦР тестови во последните две недели, но одеднаш, откако дојдов во Кина, повторно се чувствувам позитивна. Не е готово и ќе продолжам да се борам, но поради мојата психичка состојба ќе се одморам од социјалните мрежи“, заклучила низ солзи.