Оливија Вајлд (40) го привлече вниманието со изборот на фустан за афтер-журката која се одржа по Оскарите.

Таа се појави во бел проѕирен фустан под кој и се гледаше долната облека.

Изгледот го комплетираше со златна чанта, едноставен накит и неутрална шминка.

Реакциите на социјалните мрежи се главно позитивни. „Жената изгледа божествено“, „Иако откри малку премногу тело, не изгледа евтино. Секоја чест“, „Изгледа како самовила“, беа коментарите. Имаше и такви кои сметаа дека нејзината облека „не е соодветна“ за ваков настан. „Изгледа сега ќе се напие топло млеко и ќе спие“, се пошегувал некој.

Текстот Оливија Вајлд прошета во проѕирен фустан на забавата по Оскарите е превземен од МАКФАКС.