Американската агенција за храна и лекови (ФДА) го одобри лекот Астра Зенекa против коронавирус – „Евушелд“.
Тоа е коктел од антитела што ја спречува инфекцијата на лицата со ослабен имунитет и оние кои имале силни несакани ефекти од вакцинацијата.
Лекот е одобрен само за возрасни и адолесценти кои досега не биле заразени, ниту пак биле во контакт со заразените.
Вакцината Astra Zeneka сè уште не е одобрена во САД.
Како што пренесува Гласот на Америка, истражувањата покажале дека лекот „Евушелд“ ја спречува инфекцијата со Ковид и манифестирањето на симптомите во 77. отсто од случаите.
Предвидено е лекот да се дава во две инјекции, а заштитата трае од седум месеци до една година.
Иако вакцините се најефикасна заштита од ковид 19, на луѓето со ослабен имунитет и на оние кои лошо реагирале на вакцините им треба алтернатива, рекла една од директорките на ФДА, Патриша Кавазони.
Сепак, ФДА додала дека Астра Зенекa не е замена за вакцинирање на луѓе кои се препорачани за вакцината.
Коктел со антитела може да спречи, во раните фази, развој на тешка клиничка слика на Ковид.
Слични лекови веќе произведуваат Eli Lily, Regeneron и GlaxoSmithKline Klein.
Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.